свет

Русија потврди напад со проектили „Олуја сенка“ од британско производство на нејзина територија

„Два крстосувачки проектила 'Олуја сенка', шест проектили ХИМАРС и 67 беспилотни летала се неутрализирани со системите за противвоздушна одбрана“

Elena Teslova  | 21.11.2024 - Обновена : 21.11.2024
Русија потврди напад со проектили „Олуја сенка“ од британско производство на нејзина територија

МОСКВА (АА) - Русија денес потврди дека Украина ја погодила нејзината територија со проектили „Олуја сенка“, произведени од Велика Британија, велејќи дека два биле пресретнати од противвоздушната одбрана во текот на изминатиот ден, јавува Анадолу.

„Два крстосувачки проектила 'Олуја сенка', шест проектили ХИМАРС и 67 беспилотни летала се неутрализирани со системите за противвоздушна одбрана“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша нападот како „нова ескалација“ и ја критикуваше „неодговорната позиција“ на администрацијата на Бајден да дозволи Украина да користи американски проектили за напади на руска територија.

Русија вчера соопшти дека Украина користела ракети АТАЦМС за да го нападне нејзиниот регион Брјанск, а повеќето од нив биле пресретнати од системите за воздушна одбрана Панцир и С-400.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.