Elena Teslova
29 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
МОСКВА (АА) - Русија со цел да возврати, денес протера неколку дипломати од Литванија, Латвија и Естонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека амбасадорите на балтичките земји биле повикани во Министерството на кои им бил изразен силен протест поради „провокативното и неоправдано протерување на руските дипломати“.
„Акредитациите на четворица вработени во Амбасадата на Литванија, тројца во Амбасадата на Летонија и на тројца претставници на Естонската амбасада и Канцеларијата Псков на Генералниот конзулат на Естонија во Санкт Петербург, се поништени“, се вели во соопштението.
„Од протераните дипломати се бара да ја напуштат Русија во истата временска рамка што им беше дадена на руските дипломати за нивното заминување од балтичките земји“, се вели во соопштението.
Естонија, Летонија и Литванија на 18 март истовремено најавија протерување на руски дипломати во знак на солидарност со Украина.
Естонија и Латвија протераа по тројца руски дипломати, а Литванија прогласи четворица руски дипломати за персона нон грата.