Elena Teslova
18 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
МОСКВА
Русија ги осуди изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека Бајден не планира да ги поправи односите со Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи им се на новинарите во главниот град Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија ќе ги обликува своите односи со Соединетите Американски Држави (САД) врз основа на последните изјави на Бајден.
„Не би сакал да бидам премногу опширен во реакцијата за ова. Би сакал само да кажам дека тоа се многу лоши изјави на американскиот претседател. Тој [Бајден] очигледно не сака да ги поправи односите со нашата земја“, рече Песков.
Во претходно снимено интервју за телевизиската мрежа „Еј-би-си њуз“ (ABC News) емитувано вчера, Бајден потврдно одговори на прашањето дали го смета рускиот претседател Владимир Путин за убиец, и порача дека официјална Москва ќе плати поради мешањето во американските избори.
Бајден ова го изјави на новинарско прашање за коментар за федералната истрага за кибернападите поврзани со Русија и за разузнавачкиот извештај кој го поврзува московски Кремљ со интернетско мешање во американските претседателски избори во 2020 година.