Ali Cura
22 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
МОСКВА (АА) - Високиот руски командант Рустам Минекаев изјави дека една од задачите на руската војска е воспоставување целосна контрола над Донбас и јужна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според пишувањето на руските медиуми, Минекаев во говорот на собирот на одбранбената индустрија на регионот Свердловск потсети дека руската војска пред два дена влегла во втората фаза на „специјалната воена операција“ во Украина.
„Една од задачите на руската војска е да воспостави целосна контрола над Донбас и јужна Украина“, рече Минекаев.
Истакна дека контролата над Донбас ќе овозможи создавање копнен коридор до Крим и ќе влијае на виталните елементи на Украина.
„Контролата над југот на Украина на населението од подрачјето кое зборува руски ќе му овозможи излез во Придњестровје, каде што постојат случаи на угнетување на населението кое зборува руски“, додаде Минекаев.