Emel Öz
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
ВАРШАВА (АА) - Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, беше полеан со црвена боја додека се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава, Полска, јавува Агенција Анадолија (AA).
Група активисти во Полска, кои се против војната на Русија во Украина, фрлија црвена боја врз Андреев во моментот кога сакаше да положи венец на гробиштата на советските војници.
Лицето, рацете и облеката на рускиот амбасадор беа покриени со црвена боја.
Насобраните демонстранти се собраа во близина, носејќи украински знамиња и извикувајќи антируски слогани.
На местото на настанот подоцна пристигнаа поголем број припадници на безбедносните сили.
По инцидентот, Андреев бил принуден да ги напушти гробиштата во придружба на полицијата, а подоцна изјавил дека не е повреден.