Aida Cako
29 Мај 2025•Ажурирај: 30 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Руските сили денес извршија напади со беспилотни летала во украинскиот регион Суми, предизвикувајќи пожари и оштетувања на цивилната инфраструктура, соопшти Државната служба за итни состојби на Украина, јавува Анадолу.
Според информациите, сите пожари се ставени под контрола, а досега нема пријавени жртви.
Русија ја започна својата таканаречена „специјална воена операција“ на 24 февруари 2022 година, со тврдења дека ја спроведува за да ги заштити луѓето во источниот дел на Украина.
Оттогаш милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, илјадници останаа без покрив над глава, а стотици медицински и образовни установи беа уништени.
Според најновиот извештај на Мисијата за следење на човековите права на Обединетите нации во Украина (HRMMU), загинале најмалку 12.654 цивили, а 29.392 лица се повредени од почетокот на руската инвазија.