Dildar Baykan
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја потврди дека е притворен уште еден државјанин на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА, соопшти дека Ким Санг-док, државјанин на САД со корејско потекло, на 22 април бил приведен на меѓународниот аеродром во Пјонгјанг.
Педесетгодишниот американски државјанин Ким, кој бил повикан во земјата како професор, за да предава на Универзитетот за наука и технологија во Пјонгјанг, е обвинет за „вршење непријателски акт за дестабилизација на државата“.
Ким е третиот државјанин на САД кој е притворен во Северна Кореја.
Ото Вармбиер, 21-годишен студент државјанин на САД, минатата година беше притворен во Северна Кореја. Врховниот суд на Северна Кореја го осуди Вармбиер за кривично дело дека „се трудел да внесе немир кај народот, по неговото влегување во државата како турист, во рамките на непријателската политика што ја води владата на САД против Северна Кореја“.
Исто така, Донг-чул, државјанин на САД, во 2015 година доби затворска казна од 10 години, под обвинение дека ја шпионирал Северна Кореја во име на Јужна Кореја, во која е роден.
На државјаните на САД им е дозволено да патуваат во Северна Кореја, но администрацијата на Вашингтон ги советува да не патуваат во таа земја.