Selçuk Acar
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
ЊУЈОРК (АA) - Откажани се антиисламските протести, кои поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп планираа да ги одржат во 36 држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите што ги организираше групата „ACT for America“ беа закажани за 9 септември.
Групата е позната по своите антиисламски ставови и по „Маршот против шеријатот“, кој се одржа во јуни.
Во соопштението објавено на интернет-страницата „Breitbart“ (Бреитбарт), се вели дека на одлуката за откажување на протестите претходело насилството во САД и нападите во Европа.
Советот за американско-исламски односи (CAIR) откажувањето на протестите го нарече победа над белите супремасисти и исламофобијата.
На протестите во Бостон, на 19-ти август, екстремно десничарските групи успеаја да соберат околу 100 демонстранти. На истиот ден, според последните полициски податоци, околу 40.000 луѓе се собраа на антифашистички протести.