Vakkas Doğantekin
30 Јули 2022•Ажурирај: 31 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа изгласа нацрт-закон за забрана на поседување борбено оружје, известува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката е изгласана со тесни 217 гласа „ЗА“ и 213 „ПРОТИВ“.
Главно се гласаше по партиска линија, така што демократите беа за, а републиканците против, со таа разлика што двајца републиканци гласаа за, а тројца претставници на демократите беа против.
Малку е веројатно дека овој предлог ќе стане закон, бидејќи ќе треба да биде изгласан и во Сенатот, а аналитичарите тврдат дека тоа е речиси невозможно сценарио во актуелниот состав на Домот.
САД се обидуваат да воведат забрана за поседување борбено оружје во екот на зачестените масовни пукања и притисоци од демократите за измена на законот на начин да се заострат контролите за поседување оружје во земјата.