Safvan Allahverdi
06 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека доколку Турција го купи рускиот одбранбен ракетен систем „С-400“ од Русија, тогаш кон неа ќе бидат воведени различни санкции, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Роберт Паладино, на брифингот организиран во Министерството зборуваше во врска со обидот на Турција да го купи одбранбениот ракетен систем „С-400“ од Русија.
Паладино изјави дека ставот на САД околу ракетниот систем „С-400“ не е сменет, додавајќи дека обидот на Турција да го купи овој систем од Русија сериозно ги загрижил САД.
Тој истакна дека околу системот за воздушна одбрана работат заедно со Турција. Паладино информираше дека на Турција ѝ е понуден ракетниот систем „Патриот“ и ја даде следната изјава:
„Турција отворено ја предупредивме дека доколку од Русија го купи одбранбениот ракетен систем „С-400“, тогаш одново ќе биде разгледано нејзиното учество во програмата „Ф-35“ и во иднина ќе биде загрозен трансферот на другите потенцијални оружја. Освен тоа, во рамките на Законот за борбата против непријателите на САД со санкции (CAATSA), наведовме дека на потенцијални санкции можат да бидат изложени сите држави, приватни институции и лица кои ќе учествуваат во купувањето на системот С-400“.
Минатата година американскиот Конгрес го донесе „Законот за борба против непријателите на САД со санкции“ (CAATSA), кој предвидува воведување санкции кон сите трети земји и компании кои ќе соработуваат со институции и организации на руската одбрана и разузнавање.
Вчера на седницата на Комитетот за воени служби во Сенатот учествуваше и командантот на сојузничките НАТО-сили за Европа и американските сили во Европа (EUCOM), генерал Кертис Скапароти, кој истакна дека доколку Турција од Русија го купи одбранбениот ракетен систем „С-400“, тогаш на Турција не треба да ѝ се дадат борбените авиони „Ф-35“.