Bilgin S. Şaşmaz
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ЧИКАГО (АА) - Отворен е Саемот за бродови и каравани „Progressive Chicago“ кој претставува една од најзначајните светски активности во полето на поморството, јавува Anadolu Agency (AA).
Во најголемиот конгресен и саемски центар во Северна Америка, „Меккормик плејс“, на површина од 75.000 квадратни метри изложени се повеќе од 600 бродови и над 100 каравани.

Посетителите на Саемот имаат можност да ги разгледаат раскошните милионски јахти, кои благодарение на широките тела и внатрешното опремување, нудат конфор на летна куќа. Интересот на посетителите го привлекоа и луксузните каравани, рибарски бродчиња, кануа и џет-ски.
Покрај симулаторите на бродови и бесплатните детски активности што им се нудат на посетителите, во рамките на Саемот ќе бидат организирани повеќе од 200 семинари за бродови, едрилици и пловидба.
Саемот ќе биде отворен до 14 јануари.
