Muhammet İkbal Arslan
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
ГАЗИМАГУСА (АА) - Дел од подрачјето на Мараш во Турската Република Северен Кипар, кој беше целосно затворен и напуштен во последните 46 години, повторно е отворен за граѓаните, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во Мараш, кој инаку е туристички кварт во севернокипарскиот град Газемагуса, од 1974 година е забранет влезот во Мараш за цивилите, а дозволен е влез само на севернокипарската војска. Денес во 12 часот по локално време за граѓаните повторно е отворен дел од јавната плажа и улицата „Демократија“.
На овој историски момент во првата етапа можеа да посведочат над 200 граѓани. Поради пандемијата на коронавирусот, тие, во текот на обиколката беа предупредени за почитување на меѓусебното растојание и носењето маски.
Повторното отворање на Мараш го следат и голем број претставници на медиумите.
На седницата на Советот на министри на Турската Република Северен Кипар на 18 јуни 2019 година беше одлучено да се преземат чекори за отворање на Мараш, позната туристичка дестинација која речиси пет децении беше како „град на духови“.