Riyaz Khaliq Khaliq
28 Јули 2023•Ажурирај: 29 Јули 2023
СЕУЛ (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја сподели сцената со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу од каде што ја следеше воената парада по повод 70-годишнината од „Денот на победата“ на Северна Кореја, пренесува Анадолу.
Делегација предводена од Ли Хонгџонг, потпретседател на Постојаниот комитет на Кинескиот народен конгрес, исто така, присуствуваше на парадата, објави државната новинска агенција „КЦНА“.
Воената парада се одржа синоќа во главниот град Пјонгјанг.
Пјонгјанг од октомври 2020 година одржа пет воени паради.
На парадата севернокорејската армија ги покажа новите беспилотни летала, како и новите подводни дронови „Хаил“ и најголемите нуклеарни ракети во земјата.
Севернокорејскиот лидер Ким во средата ја прими руската делегација и разговараше за начините за понатамошно зајакнување на билатералната соработка. Тие ја посетија и изложбата на оружје-2023 каде што беа претставени новото оружје и опрема.
Корејската војна започна на 25 јуни 1950 година, а заврши на 27 јули 1953 година, по потпишувањето на договорот за прекин на огнот, со што заврши конфликтот, иако никогаш не беше потпишан мировен договор.