Dilan Pamuk
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Повеќе од 1 милијарда луѓе низ светот живеат со некаква форма на попреченост, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО), објавени денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дефинирајќи ја попреченоста како „интеракција на индивидуите со здравствени проблеми и личните и факторите на животната средина“, организацијата посочи дека секое четврто од пет лица со попреченост живее во земјите во развој.
Извештајот на СЗО покажа дека бројот на лицата со попреченост драстично се зголемува поради демографските трендови и порастот на хроничните здравствени состојби, помеѓу другите причини.
Се проценува дека бројот на луѓе со попреченост е околу 15 проценти од светската популација, додека, се проценува дека повеќе од 190 милиони луѓе на возраст од 15 години и повеќе имаат сериозна попреченост која води до потешкотии во функционирањето, за која често се потребни здравствени услуги.
Пандемијата со Ковид-19 несразмерно влијаеше на лицата со попреченост, нагласува СЗО, со веројатност дека е можно речиси сите да искусат некаков вид на попреченост, привремена или трајна, во одреден дел од животот.
Луѓето со попреченост имаат четири до десетпати поголема веројатност да искусат насилство и се „подложени на повеќекратни прекршувања на нивните права, вклучително и насилство, злоупотреба, предрасуди и непочитување поради нивната попреченост, што, меѓу другите фактори, се вкрстува со други форми на дискриминација базирана на возраст и пол“, се додава во извештајот.
Организацијата истакна дека лицата со попреченост, исто така се соочуваат со бариери, стигматизација и дискриминација кога пристапуваат кон здравствените услуги и стратегии, истакнувајќи дека попреченоста е развоен приоритет поради нејзината поголема распространетост во земјите со ниски приходи, и дека попреченоста и сиромаштијата меѓусебно се испреплетуваат.