Dildar Baykan
22 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американското разузнавање утврдило дека властите во кинескиот град Вухан, каде што се појави новиот вид коронавирус (Ковид-19), со недели ја криеле состојбата од администрацијата на Пекинг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Си-ен-ен, американските разузнавачки службеници заклучиле дека властите во Вухан во првиот период од појавувањето на вирусот не ја информирале администрацијата на Пекинг во врска со Ковид-19.
Исто така, во разузнавачките извештаи се нагласува дека кинеската Влада откако открила за вирусот го спречила информирањето на другите земји во врска со вистинската димензија на епидемијата.
Надлежните во изјава за Си-ен-ен истакнаа дека американското разузнавање ќе продолжи со собирање информации во врска со изворот на Ковид-19, но дека постојат неспорни докази дека локалните власти ја прикривале епидемијата.