İdiris Okuduci
29 Јули 2022•Ажурирај: 30 Јули 2022
БЕЈРУТ (АА) - Сириски брод што превезувал украдено жито од Украина, се закотви на пристаништето Триполи во Либан, објави либанскиот министер за трговија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерството за земјоделство и царинскиот оддел ги следат случувањата во врска со сирискиот брод, кој превезуваше украдено брашно и јачмен од Украина и се закотви во пристаништето во Триполи“, изјави за весникот „Анахар“, министерот за трговија на Либан, Амин Салан.
Министерот истакна дека бродот бил санкциониран од САД.
Украинската амбасада во Бејрут предупреди дека „увозот на пченка и јачмен кои ѝ припаѓаат на Украина и се украдени од Русија, ќе им наштетат на либанско-украинските односи“.
Локалните медиуми објавија дека има 5.000 тони брашно и 5.000 тони јачмен на бродот кој тргнал од пристаништето во Крим.