Словенија изразува загриженост за судбината на цивилите на Западниот Брег и Газа
- Во соопштението на словенечкото Министерство за надворешни работи се нагласува итната потреба од воздржаност и почитување на меѓународното хуманитарно право во Газа

САРАЕВО (АА) - Словенија во саботата изрази загриженост за израелските воени операции на северниот дел на Западниот Брег и повика на почитување на меѓународното хуманитарно право во Газа, известува Анадолу.
„Словенија изразува длабока загриженост за тековното влијание на израелските воени операции во северниот дел на Западниот Брег, особено во Џенин, Тулкарем и Тубас, што резултираше со бројни цивилни жртви, вклучително и деца“, се вели во соопштението на словенечкото Министерство за надворешни работи објавено на платформата X.
Се нагласува дека на повеќе од 40.000 раселени Палестинци треба да им се овозможи да се вратат во своите куќи.
Словенечкото МНР наведе дека крајот на првата фаза од примирјето во Газа без јасен пат напред ја нагласува итната потреба од воздржаност и почитување на меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи и пристап до хуманитарна помош.
„Не треба да се штедат напори за да надвладее мирно решение“, се порачува во соопштението.
Израелската влада денес одлучи да го прекине влезот на хуманитарна помош во Газа, само неколку часа по официјалното завршување на првата фаза од договорот за прекин на огнот и размената на заробениците.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.