свет

Стотици камиони со хуманитарна помош го чекаат отворањето на Граничниот премин „Рафа“ во Газа

Камионите, кои носат храна, медицински материјали и облека, чекаат во областа Ариш, што се наоѓа на египетската страна на преминот Рафа. Овој премин е примарна влезна точка за хуманитарна помош во Појасот Газа

Ekip  | 16.01.2025 - Обновена : 20.01.2025
Стотици камиони со хуманитарна помош го чекаат отворањето на Граничниот премин „Рафа“ во Газа

АЛ-АРИШ (АА) - По објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, стотици камиони со хуманитарна помош пристигнаа на египетската страна на Граничниот премин „Рафа“ утрово очекувајќи го отворањето на преминот за достава на виталната помош за Газа, јавува Анадолу.

Камионите, кои носат храна, медицински материјали и облека, чекаат во областа Ариш, што се наоѓа на египетската страна на преминот Рафа. Овој премин е примарна влезна точка за хуманитарна помош во Појасот Газа.

Во разговор за Агенција Анадолу неколку возачи на камиони ја споделија својата радост и оптимизам во врска со прекинот на огнот. Салама Ахмад Абдел Хамид од Исмаилија рече: „Ние сме среќни со решението што го отвора патот за нашите браќа муслимани. Тоа ќе ми овозможи да помогнам и да ја доставам потребната помош.“

Ибрахим Иса од Лабосир, пак, рече: „Работите се подобри сега со прекинот на огнот што го даде Алах... рековме дека е готово, ќе бидат ослободени. Денес ќе тргнеме и ќе одиме да помогнеме. Среќни сме и возбудени што можеме да ја доставиме помошта за народот и нашите палестински браќа.“

Махмуд Тефик додаде: „Ситуацијата е добра... Слушнавме дека од недела ќе се отвори преминот и ќе влезат околу 600 камиони со шатори, храна и други залихи.“

„Ова ќе им донесе олеснување на сите“, додаде Тефик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.