Hakan Ceyhan Aydoğan
24 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
МОСКВА (AA) - Најмалку шест војници се убиени во нападот на рускиот воен камп во Чеченија, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го изведе група милитанти кои синоќа се обидоа да се инфилтрираат меѓу војниците во еден камп во подрачјето на Наурскај. Откако се приметени дојде до судир меѓу нив и припадниците на безбедносните сили. Загинаа шест руски војници, а тројца се ранети.
Во судирите се неутрализирани шест милитанти кои се обидоа да влезат во кампот.