Dmıtrı Chırcıu
11 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, оствари телефонски разговор со престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), принцот на Абу Даби, Мухамед бин Заид ал Нахјан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Телефонскиот разговор преку писмено соопштение го потврди Кремљ.
Во соопштението се вели дека двајцата соговорници разговарале за либиската криза и се потсетува дека Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 8 јануари во Истанбул исто така разговараа за либиското прашање.
„Путин нагласи дека треба да се постигне примирје во Либија и да се активираат напорите во насока на започнување на мировниот процес меѓу конфликтните страни“, се додава во соопштението на Кремљ.
Се истакнува дека двајцата соговорници се согласиле за продолжување на контактите на различни нивоа.