Eşref Musa,Ömer Koparan
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
РАС АЛ АЈН
Двајца цивили ги загубија своите животи, а седум цивили се повредени од експлозија на автомобил-бомба поставен на пазар за живина во областа Рас ал Ајн во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во овој терористички напад загинаа двајца цивили, а седум се повредени.
Ранетите лица се префрлени во болницата во Рас ал Ајн.
Безбедносните сили, кои започнаа истрага, ја потенцираат можноста нападот да е извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Центарот на Рас ал Ајн беше ослободен од терористите на 12 октомври 2019 година во рамките на операцијата „Извор на мирот“.
ЈПГ/ПКК често врши напади врз цивилните населени места во Рас ал Ајн и Тел Абјад од местата Ајн Иса и Тел Темар, кои сè уште ги држи под своја окупација.