Rabia İclal Turan
08 Октомври 2025•Ажурирај: 09 Октомври 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека можеби ќе отпатува на Блискиот Исток овој викенд, бидејќи преговорите за прекин на огнот во Газа покажуваат напредок, известува Анадолу.
Зборувајќи со новинарите на настан во Белата куќа, Трамп рече:
„Мир за Блискиот Исток, таа прекрасна фраза, и се надеваме дека ќе се оствари, но е многу блиску и тие се справуваат многу добро“.
„Можеби ќе одам таму некаде кон крајот на неделата, можеби во недела“, додаде Трамп, истакнувајќи дека има „многу добри шанси“ за напредок во разговорите.
„Преговорите одат многу добро“, рече тој, пофалувајќи го преговарачкиот тим во египетскиот туристички град Шарм ел Шеик на Црвеното Море, каде што американски, турски, катарски, египетски и израелски претставници работат на финализирање на договор меѓу Израел и палестинската група Хамас според планот за прекин на огнот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
„Работиме со Хамас и со многу од земјите... Вклучени се сите муслимански земји. Вклучени се сите арапски земји, многу богати земји и некои што не се толку богати, но речиси сите се вклучени. Никогаш порано не се случило тоа“, изјави Трамп.