Övünç Kutlu
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека за потпишување на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), ќе го чека завршувањето на изборите во Конгресот на САД кои ќе се одржат во ноември оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, во специјалното интервју за „Fox News“ (Фокс њу) говореше за НАФТА, чии преговори меѓу САД, Канада и Мексико продолжуваат, и истакна дека за повторно потпишување на НАФТА ќе го чека завршувањето на изборите во американскиот Конгрес кои ќе се одржат на 6 ноември.
„Јас можам утре да го потпишам НАФТА, но не сум среќен околу ова прашање. Сакам договорот да биде пофер“, нагласи Трамп.
Минатата година повторно започнаа преговорите за НАФТА помеѓу САД, Канада и Мексико, но сè уште не завршија. Трамп договорот НАФТА го нарече „најлошиот договор во историјата“, којшто е во сила од 1994 година.
Експертите велат дека одлуката на администрацијата на Трамп за донесување дополнителни даноци за увозот на челик и алуминиум ги зголеми трговските тензии меѓу овие три земји. Тие нагласија дека оваа одлука може да предизвика повторни тешкотии во преговорите за НАФТА.
Инаку, денес стапија во сила новите тарифи на Канада за дополнителни царински тарифи за САД во вредност од 12,6 милијарди долари.