Atila Altuntaş
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Шведска го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за еден месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, во писмено соопштение објавено на официјалната интернет страница на Владата, соопшти дека Шведска во периодот од 1 јули до 1 август ќе претседава со Советот за безбедност на ОН.
Валстром нагласи дека во еден исклучително тежок период се соочуваат со проблемите на светот.
„Живееме во еден свет каде што голем број лица се во неволја, и кои се во позиција на бегалци. За време на нашето претседавање, на преден план ќе бидат темите околу правата на децата и жените. Главните точки на нашата агенда ќе бидат прашањата поврзани со Јемен, Сирија и Мјанмар“, рече таа, додавајќи дека со една активна дипломатија ќе се справат со проблемите.