Mücahid Eker
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Индустриската комора на Истанбул истакна дека е неоснована веста на телевизискиот канал „Би-би-си“ под наслов „Децата бегалци во Турција работат во текстилните работилници“, и дека целта е со овој тип на информации да се уништи имиџот на Турција, која во моментов им дава заштита на 3 милиони Сиријци, јавува Anadolu Agency (AA).
По веста што минатата недела недела беше прикажана на ТВ-каналот „Би-би-си“, Индустриската комора на Истанбул одржа состанок со комитетите за текстил, облека, конфекција, кожа и производи од кожа, како и со 16 невладини организации.
По состанокот, Индустриската комора на Истанбул даде соопштение во кое се вели дека тешките обвинувања во веста објавена на „Би-би-си“ немаат допирни точки со реалноста, и дека овој сектор и фирмите на ниту еден начин не го заслужуваат тоа.
Спротивно од неоправданите обвинувања во веста на „Би-би-си“, условите во турската текстилна индустрија и конфекција од повеќе аспекти нудат поволни и етички услови за работа.
„Сакам да потенцирам дека турската текстилна индустрија и конфекција постојано ги унапредува стандардите за работа што им прилегаат на луѓето и оваа индустрија обрнува внимание на безусловно чистото производство. Ние, индустријалците од овој сектор кои имаме целосно разбирање, очигледно е дека не само што не сме за вработување на деца-бегалци од Сирија, туку не го прифаќаме и вработувањето на ниту едно дете. Отсекогаш сме биле чувствителни по ова прашање и во иднина ќе продолжиме да бидеме“, стои во изјавата на комората.
„Вистината е дека производството е во согласност со законодавството на ЕУ“
„Турските индустријалци и извозници во глобалната трговска арена, постојано се среќаваат и се борат со голема и тешка конкуренција“, се вели во соопштението.
„Во еден ваков период, ваква вест може негативно да влијае врз снабдувачите и што е најважно, врз потрошувачите. Тоа потоа може да се одрази на нас, индустријалците, кои со години работиме со регистрирани вработени, работни односи во согласност со законодавството на ЕУ и на текстилната индустрија којашто има најголем извоз во земјите на ЕУ“.
„Целта е негативно да се влијае на имиџот на Турција“
Во соопштението се вели дека станува збор за одредени производители од Сирија коишто произведуваат во несоодветни простории, создавајќи нелојална конкуренција на турските индустријалци кои отсекогаш воделе сметка за регистрацијата на вработените, и дека ваквите бизниси треба да бидат подложени на сериозни контроли. Индустријалците ќе ја продолжат својата борба против нелојалната конкуренција и против фирмите што не ги регистрираат своите вработени.
Се додава дека овој вид неосновани вести имаат своја цел и создаваат предрасуди што можат да му наштетат на цел еден сектор и негативно да делуваат на имиџот на Турција, со што се прави една голема неправда. Затоа се повикуваат сите оние што создаваат вести да обрнат внимание на новинарската етика и да се однесуваат во согласност со неа.