Ali Murat Alhas
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во сабота се приклучи на кампањата „Hello Brother" со која преку социјалните медиуми потсетува на последните зборови на првата жртва од терористичкиот напад во џамијата во Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Хаџи Дауд Наби, 71-годишен Авганистанец го поздрави терористот на влезот на џамијата со зборовите „Hello Brother" (Здраво брате) само неколку моменти пред да го пука.
Ердоган преку официјалниот профил на социјалните мрежи сподели видео кој се однесува на Наби, кој стана симбол на страдање на невин човек.
Турскиот рпетседател сподели и видеоснимки кои преку социјалните мрежи ги објавија турските фудбалски клубови во врска со тоа, како и титлуван видео на „ТРТ Ворлд" (TRT WORLD).
Во терористичкиот напад на две џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд на 15 март убиени се 50 муслимани, а исто толку беа и ранети.