Nazlı Yüzbaşıoğlu
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АНКАРА (AA) – Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција продолжува интензивно да вложува напорид во правец на воспоставување на прекини на судирите и почеток на преговорите за политичко решавање на кризата во Сирија и најави дека во тој контекст на 27 декември во Москва ќе биде одржан трилатерален состанок на функционерите на Турција, Русија и Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за турската телевизија „ТГРТ Хабер" (TGRT Haber), Чавушоглу рече дека Турија со сите дипломатски канали се обидува да помогне во запирање на злосторствата и крвопролевање во Алепо.
„Турција побара одржување на вонредно состанување на Генералниот совет на Обединетите нации за да целиот свет стане на нозе. Во Алепо се одвива вистинска драма, катастрофа. Ајде сите да ја запреме таа катастрофа, но првин да ги евакуираме тие луѓе", рече Чавушоглу.
Нагласувајќи дека политичко решение е најдобро за секоја криза, Чавушоглу рече дека Турција продолжува со напорите во насока на започнување на преговори кои би требале да резултираат со трајно политичко решение на кризата во Сирија.
Чавушоглу рече дека операцијата „Штитот на Еуфрат" во која учествуваат турските сили на северот на Сирија ќе биде продолжена се додека пограничниот појас не го исчисти од терористички елементи и закани.
Истакнувајќи дека Турција продолжува опсежна борба против терористичката организација ПКК во регионот, Чавушоглу рече дека Турција е подготвена да изведе напади и во ирачкиот Тал Афар доколку терористите станат закана за тамошното туркменско население.
Во секој момент сме подготвени за напад без двоумење. Како што ги гаѓаме терористичките упоришта на планината Кандил, така можеме да ги гаѓаме упориштата во Тал Афар", рече Чавушоглу.
Министерот за надворешни работи на Турција Чавушоглу рече дека Турција ги прати сите активности на терористите на ПКК и дека ќе ги презеде сите неопходни мерки, вклучувајќи и одземање на државјанство на турските државјани кои од странство ги поддржуваат терористите.