Bahtiyar Abdülkerimov
21 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите на руската војска во Украина животот го загубија 208 деца, а повредени се 376 деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на главниот обвинител на Украина се наведува дека во бомбардирањето на руската војска оштетени се 1.141 образовна институција, од кои 99 се целосно уништени.
Во ова соопштение се истакнува дека според првите податоци од 24 февруари кога Русија ги започна нападите, животот го загубија 208 деца, а повредени се 376 деца.
Од друга страна, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук истакна дека четири автобуси успеале да го напуштат Мариупол во рамки на хуманитарниот коридор отворен вчера за евакуација на цивили, а цивилите кои ја поминале ноќта во Бердјанск, денеска ќе стигнат до Запорожје.
Потенцирајќи дека евакуацијата на жени, деца и стари лица ќе продолжи и денеска, Верешчук додаде дека безбедносната ситуација во воените зони е сложена и може да се промени во секое време.