Bahtiyar Abdülkerimov
21 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
КИЕВ (АА) – Алексеј Арестович, главниот советник на Кабинетот на претседателот на Украина, соопшти дека во моментот во Украина има околу 90.000 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите Арестович нагласи дека 90.000 војници од Руската армија се во Украина, а на украинската граница чекаат уште 22.000 руски војници.
Украинските власти вчера објавија дека Руската армија досега загубила 20.900 војници, 171 авион, 150 хеликоптери, 815 тенка, 2.087 оклопни возила, 391 топ, 136 системи за лансирање ракети и 67 системи за противвоздушна одбрана.