Dmitri Chirciu
01 Април 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинските вооружени сили ослободија 11 населени места во областа Херсон од Руската армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот на Украина се наведува дека Руската армија не може да го блокира и заземе главниот град Киев поради загубите кои ги има.
Се нагласува дека Русија продолжува да ја зајакнува својата армија во Украина и затоа трупите од руската јужна воена област се вклучени во војната.
„Русија се обидува да воспостави сопствена администрација во привремено окупираните региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон“, се вели во соопштението.
Во соопштението, исто така, се наведува дека Руската армија во наредните денови може да ги интензивира нападите во регионите на југот и на истокот на Украина.
Исто така, се додава дека Украинските вооружени сили ослободиле 11 населени места во областа Херсон од Руската армија.
- 20.000 луѓе чекаат да бидат евакуирани во Изјум -
Во соопштението на општина Изјум се наведува дека 20 дена во градот не се отворени хуманитарните коридори.
Се нагласува дека околу 20.000 луѓе чекаат да бидат евакуирани.