Ruslan Rehimov
19 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
КИЕВ (АА) - Од почетокот на војната во Украина убиени се 14.400 руски војници, соборени се 95 авиони и 115 хеликоптери и уништени се 466 тенкови, објави Генералштабот на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се споделени последните информации за загубите на руската Војска во периодот од 24 февруари до 19 март.
Од почетокот на војната досега загинале вкупно 14.400 руски војници, соборени биле 95 авиони и 115 хеликоптери, уништени се 466 тенкови, 1.470 оклопни возила, 213 топови, 72 ракетни системи и 44 системи за противвоздушна одбрана.
Освен тоа, руската Војска загубила и 914 други возила, три глисери, 60 танкери и 17 беспилотни летала.