Meiramgul Kussainova
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Вооружените сили на Украина соопшти дека во војната што трае од 24 февруари загинале речиси 34.230 руски војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот се ревидирани податоците за загубите на руската страна од 24 февруари до 21 јуни во војната во Украина.
Споделени се податоците дека на територијата на Украина загинале 34.230 руски војници, а уништени се 216 авиони, 182 хеликоптери, 1.496 тенка, 3.614 оклопни возила, 752 топа, 137 ракетни фрлачи и 99 системи за противвоздушна одбрана.
Руските сили изгубија и 2.543 возила, 14 брода и чамци и 614 беспилотни летала.
Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека 1.351 руски војник биле убиени во Украина.