Talha Yavuz
28 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
КИЕВ
Министерот за надворешни работи на Украина, Димитри Кулеба, соопшти дека неговата земја привремено ги суспендира односите со Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Го следиме процесот. Односите повторно ќе бидат започнати кога ќе се убедиме дека контактите нема да предизвикаат губење на репутацијата на Украина од политички и морален аспект“, рече Кулеба во изјава за тв-каналот „1+1“.
Кулеба нагласи дека се суспендирани сите односи со Белорусија.
Според него, преговорите за кризата во Донбас кои се организирале во Минск, можно е да се префрлат на друго место.