Davit Kachkachishvili
13 Октомври 2022•Ажурирај: 14 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Руските сили извршија напад врз украинскиот град Миколаев, во истоимената област во јужна Украина, а градот беше гранатиран со проектили истрелани од системот за воздушна одбрана С-300, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на регионот, Витали Ким, во својата објава на Телеграм наведе дека руските сили утринава го нападнале Миколаев со осум проектили од системот С-300.
Тој додаде дека како резултат на нападот целосно е уништена станбена зграда, а од под урнатините е извлечено едно дете на кое му се укажува лекарска помош.
„Трагаме по уште седум луѓе“, рече Ким.
Во меѓувреме, во соопштението на Министерството за одбрана на Украина се наведува дека украинските сили вчера собориле шест борбени хеликоптери на Руските вооружени сили.
Како што се вели во соопштението, украинските сили собориле четири руски хеликоптери за само 18 минути.