Davit Kachkachishvili
21 Април 2022•Ажурирај: 24 Април 2022
КИЕВ (АА) - Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, главниот град на Украина, изјави дека додека трае војната во земјата, постепено во нормала се враќа животот во Киев и додаде дека во исто време, некои од барикадите поставени на улиците се проширени, а други се отстранети, известува Агенција Анадолија (АА).
Тој истакна дека почнал да се зголемува бројот на луѓе кои се враќаат во украинската престолнина Киев поради интензивирањето на руските напади во Украина, особено во регионот на Донбас.

Во Киев, каде што звукот на сирените повторно почна да се интензивира последнава недела, се забележува зголемен сообраќај на возила, проширување на барикадите поставени на улиците и авениите и отстранување на некои барикади во надворешните области.
Одговарајќи на прашање на новинарот на АА за безбедносните мерки во главниот град, Кличко истакна дека некои барикади се проширени поради сообраќајот на возилата и додаде: „Животот во градот постепено се враќа во нормала. Проширивме некои места за минување на возилата.“

Потсетувајќи дека војната во Украина продолжува, Кличко истакна: „Живееме во воена состојба, така што барикадите ќе останат. Некои барикади се отстранети, но некои ќе останат.“
Во Киев под заштита остануваат бистите и спомениците пред уметничките галерии и цркви, кои во март беа покриени со вреќи од песок и дрвени штици.