Talha Yavuz
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
КИЕВ (АА) - Вооружените сили на Украина соопштија дека два руски хеликоптери се соборени во Хостомел во регионот на Киев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Државната служба за вонредни состојби на Украина се наведува и дека украински воен авион се урнал во близина на градот Јукивција во регионот на Киев и дека пет лица загинале.
Украина соопшти дека загинале 50 припадници на руските сили, дека се соборени седум руски авиони и уништени се четири тенкови.
Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово објави дека покренале специјална воена операција во Донбас, во источна Украина.