Talha Yavuz
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
КИЕВ (АА) - Во подрачјето на Донбас, во источниот дел на Украина, загина украински војник во отворен оган од страна на проруските сепаратисти, додека двајца војници се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврдија Вооружените сили на Украина.
Во соопштението се наведува дека сепаратистите вчера 11 пати го прекршиле примирјето.
Како што се наведува, сепаратистите отвориле оган во подрачјето на Новозвановка, Шуми, Новотоштовскиј, Широкино, Катериновка и Водјаноје, што се наоѓаат во Донбас.
Досега над 13.000 лица загинаа во судирите помеѓу сепаратистите и администрацијата на Киев, што траат од 2014 година до денес.