Mehmet Yılmaz
03 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
БУДИМПЕШТА (АА) - Гласачите во Унгарија денеска гласаат за нови членови на Народното собрание на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На општите избори и референдумот во државата со околу 9,7 милиони жители, право на глас имаат околу 8,2 милиони гласачи.
Ќе се избираат 199 пратеници во Собранието, а според последните истражувања на јавното мислење, 41 отсто од гласачите го поддржуваат сојузот меѓу Унгарскиот граѓански сојуз (Фидес) и Христијанско-демократската народна партија (КДНП), додека 39 отсто ја поддржуваат коалицијата Обединети за Унгарија, што ја сочинуваат Демократската коалиција (ДК), Јобик, Моментум, Унгарската социјалистичка партија (МСЗП), Унгарската партија на зелените (ЛМП) и партијата Дијалог за Унгарија (ПМ).
Заедничкиот кандидат на опозицијата за премиер, Петер Марки-Зај, ќе се обиде да го собори актуелниот премиер Виктор Орбан од сојузот Фидес-КДНП. Орбан е премиер од 2010 година.
Денес ќе се одржи и референдум за ЛГБТК прашања и промена на полот за помладите од 18 години. Орбан за референдумот состави пет прашања кои ја прашуваат јавноста дали поддржува „промоција“ на содржини поврзани со сексуалната ориентација кај децата и ја повикува јавноста да гласа „не“.