свет

УНРВА: Над 90.000 раселени Палестинци се засолнети во 115 објекти на ОН низ Газа

„Веќе ужасната ситуација уште повеќе се влошува поради бомбардирањето и опсадата што го блокира влезот на хуманитарни и други залихи“

Ikrame Imane Kouachi  | 20.04.2025 - Обновена : 20.04.2025
УНРВА: Над 90.000 раселени Палестинци се засолнети во 115 објекти на ОН низ Газа

ГРАД ГАЗА/АНКАРА (АА) - Над 90.000 раселени Палестинци моментално се засолнети во 115 објекти управувани од Обединетите нации (ОН) низ Појасот Газа при хуманитарната криза предизвикана од 19-месечната офанзива на Израел, соопшти денес Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), пренесува Анадолу.

„Веќе ужасната ситуација уште повеќе се влошува поради бомбардирањето и опсадата што го блокира влезот на хуманитарни и други залихи“, се вели во соопштението на УНРВА.

Од 2 март 2025 година, Израел ги држеше затворени сите гранични премини во Газа, блокирајќи го влезот на потребната храна, медицински и хуманитарни средства, влошувајќи ја и онака лошата хуманитарна ситуација, покажуваат повеќе извештаи од меѓународни организации и групи за човекови права.

Агенцијата за бегалци на ОН процени дека речиси 420.000 луѓе се повторно раселени по кршењето на прекинот на огнот во март.

Израелската армија ги продолжи нападите врз Газа на 18 март и оттогаш уби 1.827 Палестинци, и го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници кој стапи на сила на 19 јануари.

Над 51.200 Палестинци се убиени во бруталната израелска офанзива во Газа од октомври 2023 година, од кои повеќето се жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın