Zehra Ulucak
23 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
САН ХУАН (АА) - На Карипските острови Ураганот Марија одзеде 27 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Ураганот во Доминика одзеде 15 животи, во Порто Рико 6, на Хаити 3, на островото Гваделуп (француска прекуморска територија) 2 и Доминиканска Република 1 лице.
Властите на Хаити објавија дека ураганот Марија го погодил северниот дел на земјата.
Тие информираат дека две лица починале од удар на гром, додека едно лице починало при обид да ја премине реката.
Претставниците на Доминиканската република информираа дека ураганот предизвикал прелевање на реките, додавајќи дека голем број мостови претрпеле оштетувања, а оштетени се и голем број патишта.
Владините претставници информираат дека силниот ветар урнал голем број електрични столбови и во земјата околу 300.000 куќи се без електрична енергија.
Во изјавата се истакнува дека во различни делови од земјата, поплавени се 110 куќи, додека екипите за итни интервенции евакуирале околу 18.500 лица.
Ураганот Марија бил од категорија 4 кога пристигнал во подрачјето на Јабукоа, југоисточниот дел на Порто Рико, оставајќи го целиот островот без електрична енергија.
Претседателот на Доминика, Русвелт Скерит, вчера им се обрати на новинарите, изјавувајќи дека ураганот кој во понеделникот и вторникот ја погодил земјата, предизвикал смрт на повеќе од 15 лица и додаде дека 20 лица се водат како исчезнати.
За време на на обраќањето, претседателот Скерит не можејќи да ги задржи солзите, рекол дека е „чудо” што нема монгу поболем број на жртви од ураганот кој ја зафати земјата.