Adem Şalvarcıoğlu
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Оваа година во Камбоџа од удар на гром животот го загубија 65 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во локалните медиуми, портпаролот на Националната агенцијата за катастрофи соопшти дека оваа година во Камбоџа од удар на гром починале 65 лица.
Портпаролот изјави дека оваа година се забележани голем број случаи на удари на гром, истакнувајќи дека во првите 5 месеци од годинава бројот на починати од гром е еднаков со бројот на починати од удар на гром во текот на целата претходна година.
Постои загриженост од зголемување на бројот на починати, бидејќи до завршувањето на сезоната на дождови во октомври се очекува зголемување на бројот на удари од гром.