Ekip
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
МАНИЛА (АА) - Филипинската претставници велат дека двојниот земјотрес оштети мали згради во одморалиште јужно од главниот град Манила, по што вознемирените туристи ги напуштиле објектите, а пациентите беа извадени од од болницата по алармот дека постои можност за уште потреси, јавува Anadolu Agency (AA).
Филипинските сеизмолози забележаа земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а веднаш потоа уште еден од шест степени во близина на градот Maбини во провинцијата Батангас. За сега нема информации дали имало жртви.
Сеизмолозите велат дека земјотресот се почувствувал во далечните провинции, вклучувајќи ја и Манила, каде што луѓето побрзаа да ги напуштат зградите и хотелите, откако се затресе земјата.
Филипините се наоѓаат пацифичкиот Огнен прстен, каде што земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.