Hajer M'tırı
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за животна средина, Никола Уло, денес објави дека ја напушта Владата на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ја преземам одлуката да ја напуштам Владата“, изјави поранешното популарно телевизиско лице за радиото „Франс интер“, додавајќи дека се чувствувал „сам“ во врска со пршањата за животната средина во Кабинетот.
Назначувањето на Уло беше изненадување кога минатата година Макрон стапи на функцијата, бидејќи и поранешните претседатели Николас Саркози и Франсоа Оланд претходно не успеаја да ја убедат телевизиската ѕвезда да се приклучи на нивните влади.
Уло за „Франс интер“ изјави дека не ги информирал францускиот претседател и премиерот Едуар Филип за неговата одлука, бидејќи се плаши дека ќе го убедат да остане.
Портпаролот на Владата, Бенжамен Гриво, рече дека „жали“ за заминувањето на Уло од Владата.
„Не разбирам зошто се повлекува кога во првата година имавме многу успеси благодарение на него“, изјави Гриво за телевизијата „БФМ“.
„Тој не победи во сите битки, но тоа е нормално за министрите“, вели Гриво и додаде: „Тоа е удар од кој ќе се оправиме“.