Ahmed Asmar
30 Јануари 2025•Ажурирај: 30 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Палестинската група Хамас денес ослободи израелска жена војник во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јавува Анадолу.
Агам Бергер им беше предадена на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во областа Ал-Разан во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, информираше дописникот на Анадолу.
Денес ќе бидат ослободени уште двајца израелски заробеници во замена за 110 палестински затвореници во израелските затвори.