Nour Mahd Ali Abu Aisha,Hacer Başer
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
ГАЗА
Движењето Хамас упати апел за ослободување на палестинските затвореници во Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ги повикуваме властите на Саудиска Арабија во овој свет месец Рамазан веднаш да ги ослободат затворениците“, напиша во писмено соопштение Хазим Касим, портпаролот на ова движење, додавајќи дека овие палестински затвореници работеле за палестинската кауза во рамки на законите на Саудиска Арабија.
Од друга страна, друг портпарол на Хамас, Февзи Берхум, рече дека не постои образложение за задржување на Мухамед ел Худари, еден од челниците на Хамас, неговиот син, како и другите Палестинци во саудиските затвори.
Берхум истакна дека ослободувањето на овие Палестинци, особено во месецот на постот, Рамазан, е верска и морална должност.
Инаку, саудиските безбедносни сили на 4 април 2019 година го приведоа Мухамед ел Худари кој живее во Џеда.
Евромедитеранската опсерваторија за човекови права со седиште во Женева, на 6 септември 2019 година соопшти дека Саудиска Арабија без образложение во притвор задржала 60 Палестинци, меѓу кои и Мухамед ел Худари.