Said İbicioğlu
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ГАЗА (АА) - Палестинскиот Комитет за борба против окупацијата, хуманитарната ситуација во Газа ја оцени како катастрофална, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Комитетот, Џемал ал-Худари, рече дека ситуацијата во сите сектори во Газа е толку влошена што е тешко да се поправи.
„Особено во медицинскиот сектор имаме недостаток на лекови. Пациентите немаат можност да патуваат поради медицински третман“, објасни Худари.
Тој истакна дека болниците, фабриките и куќите во Газа немаат електрична енергија и дека ниту една институција не може да ја работи својата работа.
Ваквата состојба големите и важни сектори во Газа ги доведe во длабока криза, додаде Худари.
Израел од 2006 година, кога Хамас победи на изборите, ја држи Газа под блокада.