свет

Шолц: Ветувањето на Путин за прекин на огнот во Украина „мора да стане реалност“

„Сега имаме прв чекор кој изгледа можен по разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател, но тоа мора да стане реалност и да доведе до прекин на огнот што навистина ќе трае“

Ayhan Şimşek  | 20.03.2025 - Обновена : 21.03.2025
Шолц: Ветувањето на Путин за прекин на огнот во Украина „мора да стане реалност“

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денес ја повика Русија да го испочитува своето ветување за делумен прекин на огнот во Украина, истовремено ветувајќи континуирана поддршка за Киев со цел да ја зајакне неговата преговарачка позиција, јавува Анадолу.

Говорејќи пред новинарите во Брисел, пред почетокот на самитот на европските лидери, Шолц го поздрави договорот на Русија за ограничен прекин на огнот преку запирање на нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.

„Сега имаме прв чекор кој изгледа можен по разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател, но тоа мора да стане реалност и да доведе до прекин на огнот што навистина ќе трае“, изјави Шолц.

Канцеларот исто така нагласи дека земјите членки на ЕУ ќе продолжат со својата политичка и воена поддршка за Украина, со цел да ја зајакнат нејзината позиција во потенцијални мировни преговори со Москва.

„За нас е клучно Украина да остане независна, суверена и демократска држава, да го продолжи својот пат кон ЕУ и да ја задржи силната војска дури и по евентуален мировен договор. Мора да ги обезбедиме овие исходи“, истакна Шолц.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın