Elena Teslova
22 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
МОСКВА
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денес пристигна во Крим за ненадејна проверка на борбената готовност, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со лет над распоредувањето на трупите во областа, Шојгу ја провери готовноста на поморските и копнени трупи за воени вежни“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Шојгу подоцна покрена вежби на руските флоти на Црното Море и Каспиското Море, како и на воздушните сили, ангажирајќи над 10.000 воени лица, 1.200 единици оружје и воена опрема и 40 пловни објекти, се додава во соопштението.
Вежбите се одвиваат во услови на ескалација на тензиите во југоисточна Украина. Киев и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето меѓу нив.
Украина исто така ја обвинува Русија за испраќање трупи на границата, додека Москва вели дека нејзините потези се одговор на „провокативните активности на Киев“, велејќи дека нејзиниот западен сосед подготвува офанзива со цел да обезбеди воено решение за конфликтот со можност за воени дејствија на граница.