Şenhan Bolelli
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ЏИРОНА (АА) - Шпанската полиција и жандармеријата не го дозволија одржувањето на референдумот за независност на Каталонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанската полиција изврши упад во центрите во кои каталонската автономна администрација се подготвуваше да го спроведе референдумот, конфискувајќи ги гласачките кутии и гласачките ливчиња.
Министерството за внатрешни работи на Шпанија, соопшти дека не го дозволува одржувањето на референдумот за независност на Каталонија и започна да ги конфискува сите гласачки ливчиња и гласачки кутии.
Еден од центрите во кои беше извршен упад е спортската сала во градот Џирона, во која требалo да гласа претседателот на каталонската автономна администрација, Карлес Пучдемон.
Во гласачкиот центар пристигнале околу 80 припадници на жандармеријата. Откако ги отстраниле барикадите поставени пред вратата на салата, воспоставиле контрола врз објектот.Забележани се расправии меѓу групите поддржувачи на независноста и жандармеријата.