Islam Uddin
02 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Јапонската владејачка партија денес донесе одлука наследникот на Шинзо Абе да го избере на 14 септември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Процесот за избор на претседател на Либерално-демократската партија ќе започне на 8 септември, објави новинската агенција „Кјодо“.
Над 394 пратеници и 141 делегат од локалните совети ќе гласаат за избор на претседател на владејачката партија на 14 септември, а новиот лидер ќе мора да добие поддршка од мнозинството во Парламентот за да биде избран за премиер на 16 септември.
Владејачката партија ужива мнозинство во моќниот Долен дом.
Јошихиде Суга (71), кој беше главен секретар на Кабинетот на премиерот скоро осум години и се смета за долгогодишна десна рака на Абе, се очекува да ја добие челната позиција во партијата.
Поранешниот министер за надворешни работи, Фумио Кишида, и поранешниот министер за одбрана, Шигеру Ишиба, исто така, се во трка за челното место во партијата.
Премиерот со најдолг стаж во земјата, Шинзо Абе, во изненадна изјава минатата недела се повлече од функцијата поради здравствени причини.
Премиерот во заминување боледува од улцеративен колитис, чија состојба минатиот месец се влошила кога наводно повраќал крв.